Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го мина Федерер и обезбеди место во третото коло во Мелбурн, нова фуриозна партија на Алкарас

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас дојдоа до нови победи на првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен или поточно со истите обезбедија трето коло на турнирот што се игра во Мелбурн.

Ѓоковиќ како и во првото коло загуби сет, овојпат од 125. рекет на светот Жаиме Фарија, меѓутоа ја оствари зацртаната цел по три часа игра со 6:1, 6:7/4:7, 6:3, 6:2. Ова за Ноле беше 150. победа на грен слем сцената откако го прослави 30. роденден или поточно во оваа категорија подобра е само Серена Вилијамс.

Ова воедно за Србинот беше 430. натпревар на најголемата тениска сцена со што го мина Рожер Федерер на вечната листа. Нареден ривал ќе му биде Томаш Махач кој рано утрово беше подобар од „џинот“ Опелка.

Карлос Алкарас пак за разлика од Ѓоковиќ нема никакви проблеми во почетните две рунди, па при најновиот триумф го разби Јошихито Нишиока со 6:0, 6:1, 6:4.

Средбата траеше помалку од еден ипол час и овој посилен тренинг за Шпанецот треба да му послужи како загревање за пресметката со Нуно Боржес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни