Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го избра потешкиот пат, но закажа полуфинале на Мастерсот во Рим

Објавено

на

Мастерсот во Рим ги доби полуфиналните парови на неколку минути пред полноќ, откако Новак Ѓоковиќ успеа навреме да финишира во два сета и да го заврши мечот кој можеше да го заокружи и доста порано.

Светскиот рекет број еден прикажа феноменален тенис и се повеќе наликува на играчот кој доминираше минатата година, па иако наиде на навистина сериозен отпор, имаше одговор за сите противнички удари во клучните моменти и со победата си го загарантира првото место на АТП листата најмалку до крајот на Ролан Гарос.

Феликс Оже Алиасим има светла иднина пред себе, но засега се уште не може да му парира на Србинот кога се најважните моменти во прашање, бидејќи во двата сета потклекна кога беше најпотребно.

Ноле најпрво направи брејк во 12-от гејм во првиот сет и го доби истиот со 7:5, а иако имаше убава предност и пропушти меч топка при 5:2 во вториот сет, успеа да се избори и за втора.

Упорниот Алиасим дојде до тајбрејк откако режираше одличен кам-бек, но сепак немаше сили, но и знаење да возврати на перфектните удари на Новак во одлучувачките моменти. Ноле го доби тајбрејкот со 7:1 и после 2 часа и 10 минути игра се пласираше во полуфиналето, рунда во која противник ќе му биде Каспер Руд. Во првото полуфинале, силите ќе ги одмерат Зверев и Циципас.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни