АТП
Ѓоковиќ го избра потешкиот пат, но најде решение за играчот со кој имаше негативен скор (Видео)

Новак Ѓоковиќ полека се опоравува од стомачниот вирус и денеска изгледаше далеку подобро од вчерашното осминафинале против Грикспор, а тоа дефинитивно мораше да биде случај со оглед на ривалот кој го имаше на другата страна од мрежата.
Холгер Руне влезе во пресметката со светскиот рекет број еден како играч кој има позитивен скор и кој води со 2:1 во меѓусебните дуели, па иако и денеска потврди дека е тврд орев за Србинот, сепак на крајот мораше да му подаде рака на подобриот противник.
Србинот беше подобар тенисер во првиот сет и заслужено го доби истиот со 7:5, па иако тоа беше случај и во најголем дел од вториот сет, неискористената шанса при водство од 5:4 на крајот го оддолжи овој меч.
Ѓоковиќ не искористи меч топка на сервис на Руне и младиот Данец заигра многу подобро до крајот на вториот сет, а потоа го искористи и големиот пад кој го имаше Ноле во тајбрејкот.
Некарактеристично за него, Србинот направи неколку неизнудени грешки и му дозволи на Руне да израмни на 1:1 (7:3 во тајбрејкот), па тоа значеше дека го избира потешкиот пат за да стигне до победа.
Како многупати во кариерата, Новак беше непогрешлив во одлучувачкиот трет сет и брзо направи брејк за водство од 2:1, а потоа го задржа својот сервис до крајот и славеше со 6:4. Српскиот тенисер на овој начин се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз, а воедно израмни на 2:2 во меѓусебните дуели со Руне.
Ривал во претпоследната рунда во Франција ќе му биде подобриот од последното четвртфинале на програмата, она меѓу Де Минор и Рубљов.
31-1 on hard courts this season 🥵@DjokerNole wins the Paris 2022 final rematch 7-5 6-7 6-4 against Rune 👏#RolexParisMasters pic.twitter.com/P5ko7k5Bh2
— Tennis TV (@TennisTV) November 3, 2023
The shot 😮💨
The celebration 🥶Not sure which one's better from @DjokerNole 💥#RolexParisMasters pic.twitter.com/Hoi3HOAIR9
— Tennis TV (@TennisTV) November 3, 2023
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 23 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума