Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го истакна своето главно оружје во походот кон олимписко злато: Распалував во стилот на Алкарас

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ стигна до единственото одличје кое му недостасуваше во блескавата тениска кариера, златниот медал на едни Олимписки игри.

По четири неуспешни обиди, Новак ја дочека Олимпијадата во Париз во не баш идеални услови за него, но и покрај направената операција пред два месеци, Србинот пронајде последни атоми од силите за да го урне Карлос Алкарас.

Во едно епско и спектакуларно финале на „Филип Шатрие“ во кое не видовме ниту еден брејк, Новак беше подобар и поумешен во одлучувачките моменти, па исполнет од емоции и солзи по триумфот од 2:0, Ѓоковиќ нагласи дека денеска пресудило неговото главно оружје, форхендите во стилот на Алкарас.

– Не знам што да кажам, целосно сум во шок и исполнет со емеоции. После полуфиналето реков дека целта е остварена, осигурав медал, но секако дека го посакував златото. Фактот што имав осигурано медал направи полесно да влезам во денешниот меч.

– Мислам дека ми помогна и поразот од него на Вимблдон. Не можев да пројдам полошо во Лондон, денеска работата се промени. Во одлучувачките моменти распалував форхенди во негов стил и тоа ја направи разликата.

– Имам милијарда емоции во себе. Секако дека сум горд и пресреќен. Ова можеби е најголем спортски успех во мојата кариера, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни