Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го искоментира враќањето на Надал и си посака една желба

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Новак Ѓоковиќ вчера го победи Хуберт Хуркач и тоа во прв момент не беше доволно за пласман во полуфиналето, но доцна во ноќта Србинот доби добра вест од вториот меч, каде Синер му направи услуга со победата над Руне.

Тој резултат направи Ноле по 12-ти пат во кариерата да се најде во полуфиналето на завршниот Мастерс, па иако Србинот најави дека нема да го гледа решавачкиот дуел во групата, сега знае дека ќе мора да се подготвува за нарениот предизвик.

Србинот остана во игра за освојување на рекордна седма титула на завршниот Мастерс, но по мечот со Хуркач, ја искоментирал и најважната вест која претходно пристигна од Шпанија.

Рафаел Надал најави враќање на терените и објави дека набрзо ќе го објави името на турнирот на кој официјално ќе настапи, па оваа важна вест ја искоментира и Ноле, кој си посака и една желба.

– Би било навистина убаво за спортот да ги одмериме силите барем уште еднаш!

– Ниту едно ривалство во историјата на спортот немало повеќе епизоди од нашето. Се надевавм дека повторно ќе се сретнеме. Рафа е голем борец, никогаш не се откажа и покрај сите повреди и тоа мора да се почитува. Неговиот борбен дух е за секоја почит, – изјавил Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни