АТП
Ѓоковиќ: Го добив Алкарас со една ипол нога

Новак Ѓоковиќ преброди уште едно неверојатно тешко сценарио во величествената тениска кариера, овојпат против еден од неговите најголеми ривали во последните две години.
Карлос Алкарас поведе со 1:0 во сетови во моменти кога српскиот тенисер побара медицински тајм-аут поради повреда, но како во безброј наврати во својата кариера, Ноле се врати посилен на теренот и почна да игра атомски тенис како во најдобрите денови.
Ѓоковиќ се мачеше во сите три сета кои ги доби во продолжение од мечот, па затоа и водителот Џим Куриер беше зачуден како Србинот успеа да надмине уште едно сценарио во кое работите изгледаа невозможни за него.
– Мислам дека го добив овој меч со моите две нозе и со двете раце, или поточно, го добив овој меч со една ипол нога! Пред се, сакам да искажам огромна почит и воодушевување за се она што го прави Алкарас за нашиот спорт. Тој е неверојатно момче, веќе има освоено четири грен слем турнири и е најмладиот број еден во историјата на нашиот спорт. Допрва ќе го гледаме најдоброто од него. Да бидам искрен, сакав овој меч да биде финале, ова е еден од најепските мечеви кои ги имам одиграно на овој терен, – изјави Ноле и додаде.
– Успеав да издржам и ги задржав своите шанси на турнирот. Не сакам многу да откривам за повредата, морав да земам двојна доза лекови за да немам болки. Не знам дали ќе продолжев ако го загубев вториот сет, но одиграв два фантастични гејма на крајот и израмнив. После тоа Алкарас почна да се двоуми, а потоа лековите почнаа да работат и јас подобро се движев. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата кога ќе се разбудам утре без дејство на лекови, тогаш ќе знам каква е реалната ситуација.
– Повредата ме натера да бидам поагресивен, истото го правев и пред две години. Тоа искуство ми помогна, почнав да играм агресивно, а ќе морам така да играм и против Зверев во полуфиналето, – изјави Ѓоковиќ.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот