Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го доби најубавиот мурал во Република Српска (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ веќе е во Њујорк и со мислите е насочен кон освојување на 25-от грен слем во својата кариера, која неодамна ја збогати и со освоен златен медал на Олимписките игри.

Ноле го освои турнирот кој единствено му недостасуваше, а откако и самиот нагласи дека тоа му е најголем успех во животот, тој беше еден од спортистите кои беа пречекани како национални херои во Белград.

Ѓоковиќ има статус на вистинска легенда во својата родна земја и обожаван е на повеќе места во Балканот, па иако матичен дом му е Белград, сега се чини дека најубавиот мурал го доби во Соколац.

Медиумите со големо задоволство го пренесоа преубавиот мурал кој е изработен во чест на големиот тениски шампион, а на истиот е прикажан Ноле со освоениот златен медал во Париз.

Муралот се наоѓа во Соколац, Република Српска, а истиот брзо стана вирален на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни