Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ги загуби нервите и со „жолчна порака“ го поздрави својот бокс (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ одново говореше за своите проблеми и незгодната повреда која се уште ја чувствува по победата над Милош Раониќ, но во моментите кога се соочуваше со голема неизвесност на теренот, не ги поштеди ниту луѓето од својот бокс.

Светскиот рекет број еден често знае да влезе во конфронтација со своите блиски соработници и бесот го исфрла врз нив, а денеска на стартот на вториот сет кој подоцна го загуби, му пречеше тоа што некој се закашла додека сервираше.

Ноле го загуби тој поен, по што со „жолочна“ порака ги поздрави Горан Иванишевиќ и вториот претставник во неговиот бокс.

– Што кашлаш, оди во пи… матер…., – викаше Новак, кој во продолжение ги надмина сите проблеми, вклучувајќи ја и повредата, за да се најде во четвртфиналето на Австралија Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни