Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ги заборави основните тениски правила, па расплака фан на трибината (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на турнирот во Израел, но полека прераснува и во вистински миленик на публиката во Тел Авив, град во кој нема играно од далечната 2006-та година.

За разлика од вчерашниот меч со Андухар, најдобриот српски тенисер денеска имаше доста потешка задача против Васек Поспишил, но сепак успешно го мина и вториот испит.

По израмнетиот прв сет кој траеше точно еден час и заврши со 7:5 во тајбрејкот, Ноле го доби вториот со 6:3, но во самата завршница се погрижи за една урнебесна ситуација.

Отсуството од речиси три месеци од АТП турот очигледно направил Ноле да подразборави дел од основните правила, па замина на пауза по крајот на осмиот гејм во вториот сет. Судијата мораше да го потсети Ѓоковиќ дека се оди на пауза после деветтиот гејм, па Србинот со насмевка на лицето се врати на теренот и го освои последниот гејм за победа од 2:0.

По остварениот триумф, Ноле имаше убав гест и за младиот фан кој го бараше неговиот рекет, а кој заврши во солзи откако Новак му ја оствари желбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни