Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ги воодушеви шпанските новинари со реакцијата по финалето: Карлос е добро момче, ме остави да освојам злато (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ си го исполни својот животен сон и го освои турнирот кој му носеше најголем товар во кариерата, откако вчера првпат стана олимписки шампион и го стави златниот медал на своите гради.

Српскиот тенисер во спектакуларното финале беше подобар од Карлос Алкарас и го совлада со 7:3 и 7:2 во два тајбрејка, па иако во прв момент на површина испливаа емоциите, Ноле уште еднаш покажа доблест и имаше само добри зборови и за ривалот.

Интересно, Ѓоковиќ по финалето ги воодушевил шпанските новинари и се согласил да направи интеврју за националната телевизија на оваа земја, а притоа се обратил на чист шпански јазик.

– На крајот на мечот му се заблагодарив на Алкарас, му се заблагодарив што ме пушти да го освојам златото….

– Тој е многу млад, без никаков сомнеж може да донесе злато за Шпанија. Не едно, туку неколку златни медали за Шпанија. Тој е добро момче, многу фина и многу добра личнст. Имаме позитивен однос и мислам дека тоа е добра работа за нашиот спорт, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни