Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ги „поздрави“ безобразните англиски фанови по тениската лекција за Руне: Не можете да ме допрете! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ имаше речиси перфектно издание против Холгер Руне и не му даде никаква шанса на младиот Данец, но покрај битката која ја водеше со противникот, Србинот уште еднаш водеше „војна“ и со безобразните англиски фанови.

Ноле саркастично го славеше добиениот втор сет и со јасни гестикулации одговори на провокациите кои ги добиваше од трибините, а на крајот дочека и шанса да ги „поздрави“ сите оние кои се обидоа да го деконцентрираат.

Познато е дека Србинот води вербални битки со англиските фанови на Вимблдон последните неколку години, но откако одново излезе како победник, на дел од публиката и порача дека „не може да го допре“.

– Им честитам од срце на сите оние кои останаа овде како верни навивачи, а на оние кои избраа да покажат непочитување: Ви посакувам доооооооообра нооооооооќ (Gooood niiight), – изјави Ѓоковиќ, а откако официјалниот соговорник се обиде да потенцира дека фановите само му давале поддршка на Руне, Новак се дообјасни.

– Не, не, не го прифаќам тоа. Не навиваа само за Руне, тоа е само еден изговор за „Бууууу“ извиците. Имам пројдено многу во тенисот, 20 години сум тука и ги знам сите трикови. Сум играл во многу потешки опкружувања, не можете да ме допрете!, – им порача Ноле на англиските фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни