Дејвис куп
Ѓоковиќ ги мобилизираше српските фанови: Можеби ова ми е последен пат…
Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од српската Дејвис куп репрезентација на претстојното соочување со Грција, а во најновото интервју им испратил важна порака на своите сонародници.
Актуелниот формат на Дејвис купот ги проретчи настапите на репрезентациите на домашен терен, па грен-слем рекордерот предизвикал сериозно внимание со својата изјава и сигурно ќе ги наполни трибините во Белград.
– Драго ми е што се уште сум му на располагање на селекторот Виктор Троицки, кого го познавам од детството.
– Еден од најзначајните успеси во кариерата ми е победата во Дејвис купот во 2010 година, бидејќи играш за својата земја, имаш селектор и поддршка од трибините.
– Форматот на Дејвис купот сега е поинаков и немаме често можност да играме на домашен терен. Последен пат играв пред седум години во „Пионир“ и не знам дали до крајот на кариерата ќе се повтори вакво нешто. Затоа ги повикувам сите фанови да дојда и да не поддржат, – рекол Ѓоковиќ.
Србите се големи фаворити против Грција, а покрај Ѓоковиќ во составот се и Кецмановиќ, Меѓедовиќ и Лајовиќ.
-
Англија16 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Англија21 час
Ексклузива на „Билд“: Јунајтед добил „корпа“ од германски тренер пред да го потврди Тен Хаг
-
Лига на нации17 часа
Милевски со најкраток говор во својата кариера: Вие не сте нормални! (Видео)
-
Лига на нации21 час
Милевски со три промени во почетниот состав за пресметката со Ерменија
-
Лига на нации15 часа
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Германија23 часа
Легендарниот Кан има свој став за голманската дебата во германската репрезентација
-
Свет23 часа
Македа гризна противник и доби син картон во полското дерби (Видео)
-
Свет19 часа
Легенда на Ливерпул со брутални зборови за Погба: Мурињо беше во право, тој е како вирус