АТП
Ѓоковиќ ги израдува своите фанови, па порача: Со победата над Алкарас во Мелбурн докажав едно нешто

Новак Ѓоковиќ поради мускулна повреда мораше да го предаде полуфиналето на Аустралијан Опен и се доби впечаток дека станува збор за посериозен проблем, но Србинот сега ги смири своите фанови и најави дека многу брзо се враќа на тениската сцена.
Во ексклузивното интервју за црногорски „Вијести“, Ноле порача дека ќе го гледаме на терените веќе наредната седмица на турнирот во Доха, сето тоа откако извонредно брзо го санирал проблемот со повредата.
– Немам повеќе руптура на мускулот, повредата е речиси целосно санирана и подготвен сум за нови походи во тенисот. Имам зелено светло од медицинскиот тим за тренинзи и се подготвувам за тоа што следи. Турнирот во Доха е на распоред следната недела и планирам да се држам до распоредот. Фала му на Бога, брзо успеав да се опоравам од проблемот со мускулот, – открива Ноле, кој додава дека следен атак му е 100-та АТП титула, како и 25 грен слем трофеј.
– Се надевам дека 100-от трофеј може да дојде уште во Доха. Веќе долго време ја бркам 100-та, но кога-тогаш, на крајот ќе дојде. Поголем предизвик е титула на грен слем турнир, тоа е потежок потфат во оваа фаза од кариерата.
– Сепак, ако не верував, немаше воопшто да се натпреварувам. Со изданието во Австралија докажав дека можам против најдобрите во светот. Со победата над Алкарас во Мелбурн докажав дека можам да се натпреварувам за најважните трофеи и оваа сезона, – потенцира Србинот.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет22 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)