Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ги изненади фановите: Познавам луѓе кои со молитва претвораат загадена во лековита вода

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ неодамна предизвика многу реакции поради изјавата дека не планира да прими вакцина за коронавирусот, а неколку недели подоцна со своите фанови сподели уште поконтроверзен став.

Овој пат српскиот тенисер разговарал во живо преку социјалните мрежи со иранскиот нутриционист Шервин Џафаријех, кој произведува органска храна, засега некомпатибилна со американските закони.

– Внатрешната поврзаност е навистина да бидеш присутен и свесен во моментите кога пиеш вода.

– Сум видел и познавам луѓе кои со енергетска трансформација, со помош на молитви и благодарност, успеваа и најотровната храна и најзагадената вода да ја претворат во лековита вода.

– Водата реагира и научниците докажале дека молекулите на водата реагираат на нашите емоции, на она што се говори. Секој ден треба да седиме на маса без камери и телефони или уште полошо, да разговараме нервозно со нашите најблиски за време на оброкот, – рекол Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни