Ѓоковиќ фуриозно го започна настапот во Лондон (Видео)

nole

Српскиот ас, Новак Ѓоковиќ на идеален начин со убедлива победа го започна настапот на завршниот АТП турнир во Лондон.

Вториот светски рекет му одржа лекција на младиот Матео Беретини и го совлада со 2-0 во сетови за еден час игра. Ноле во двата сета покажа многу повеќе од противникот и со тоа испрати јасна порака до Рафаел Надал дека ќе направи се за да по овој турнир се врати на врвот на АТП листата, односно ја заврши оваа календарска година на првата позиција.

Првиот сет Новак го доби со 6-2, а пак во вториот беше поубедлив и со 6-1 ја заокружи првата победа  во групата во која се уште Федерер и Тим кои вечерва од 21 часот ќе ги одмерат силите.

Facebook Коментари