Ѓоковиќ фуриозен во првата рунда во Монте Карло (Видео)

nole

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ имаше идеален старт на Мастерсот во Монте Карло каде во првата рунда лесно го нокаутираше сонардоникот Душан Лајовиќ.

Дуелот траеше само еден час, период во кој Ноле му препушти на противникот само еден гејм во двата сета (6-0, 6-1). Овој триумф сигурно ќе му дојде одлично на Ѓоковиќ по брзите елиминации кои ги доживеа на турнирите во Индијан Велс и Мајами со тоа што веќе во втората рунда има вистински предизвик во секогаш незгодниот Борна Чориќ кој денеска со чисти 2-0 го доби ветеранот Бенето.

Facebook Коментари