Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ експресно до четвртфинале и израмнување на рекорд, Фриц го елиминира Циципас

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на Аустралијан Опен по само 100 минути игра во Мелбурн, победувајќи го Адријан Манарино со 6:0/6:0/6:3.

Светскиот рекет број еден кој е и прв фаворит за трофејот на грен-слем турнирот рутински ја заврши работата против немоќниот Французин, па сега може да размислува за следниот противник.

Србинот го израмни и рекордот на Рожер Федерер, обезбедувајќи 58. четвртфинале на грен-слем турнирите.

Тоа е Тејлор Фриц, кој утринава го изненади Стефанос Циципас, во мечот во кој се играа четири сета.

Американецот го доби првиот сет преку тај-брејк, Циципас возврати со 7:5 во вториот, но Фриц беше поуспешен во наредните два сета, во кои направи по два брејка за да ја обезбеди големата победа.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Јаник Синер, кој во три сета беше подобар од Русинот Хачанов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни