Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ едноставно објасни зошто не спиел со златниот медал кој го чекаше цела кариера

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ се уште ги собира впечатоците од неверојатното финале кое го одигра во неделата, епски дуел по кој стана олимписки шампион и комплетираше една неверојатна страница во историјата на тенисот.

Ноле ги обедини сите можни одличја во тенисот, а откако го комплетираше последниот дел од сложувалката, самиот нагласи дека олимпиското злато му е најголем успех во кариерата.

Србинот со досега невидени емоции го славеше златото кое го обезбеди за својата земја, а бидејќи се уште е во Париз за да ги испрати последните настапи на останатите спортисти, медиумите имаат шанса да одработат нови интерјуа со најстариот олимписки шампион во тенис.

– Олимпијадата е сон на секој спортист. Кога стее млад, размислувате за тоа да ја претставувате својата земја на едни Олимписки игри. Постојат големи турнир, грен слеми, но кога играте Олимписки игри, ја претставувате својата земја. Тоа е голема чест и привилегија. Затоа велам дека ова е најголемиот успех кој сум го остварил во кариерата. Никогаш не почувствував емоции како оние по последниот поен против Алкарас. Бев подобар од млади момци, го освоив златото и тоа е остварувањее на сонот. Не можев да сонувам ништо поголемо од ова, – вели Србинот, кој откри дека се уште не дошол на ред да спие со златниот медал.

– Моите деца не се оделуваат од медалот и спиеја со него. Ова се ретки моменти кога го имам јас на себе, – изјавил Ѓоковиќ на најновата средба со новинарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни