Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Двајца браќа од Хрватска се однесуваа во Париз како да дошле на прошетка во парк (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ веќе беше „уловен“ во Црна Гора каде повеќе од јасно е дека ќе одмора по историскиот успех кој го оствари во Париз, турнир на кој стави крај на чекањето кое траеше од стартот на неговата кариера.

Србинот го освои толку посакуваниот златен медал во петтиот настап на Олимписките игри, а пред да замине од француската престолнина, Ноле одработил и кратко интервју за хрватската национална телевизија.

Ѓоковиќ ги следеше сите настапи на претставниците од регионот и се радуваше на големите успеси, па за „ХРТ“ откри дека во изминатите години воспоставил одличен контакт со браќата Синковиќ кои повторно освоија златен медал (трет на последните четири Олимписки игри).

Мартин и Валент повторно беа најдобри во веслање кајак и осигураа злато за Хрватска, а според Ѓоковиќ, тие се однесуваат како да дошле на уште една прошетка во Париз.

– Ова беа петти Олимписки игри, на голем дел влегував како главен фаворит. Овојпат успеав, емоциите се незаменливи, не се опишуваат со зборови. Ова е нешто што легендарните браќа Синковиќ го доживеаја повеќе пати, тие дојдоа тука како да се шетаат во парк.

– Освоија уште едно злато. Мене ми е многу мило за нив, но и на нив им е мило за мојот успех. Фантастично е кога на највисоката спортска сцена се докажуваат мали земји како Србија, Хрватска и другите од регионот. Човек кога ќе освои злато и ќе слави пред 15 илјади луѓе пред „Ајфеловата кула“, мора да се штипне. Мислам дека го живееме сонот, – гласи изјавата на Ноле.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни