Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ дозна дека Англија ја победила Швајцарија, па тргна да „изведува пенал“ на Централниот терен (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ мораше да прави пресврт против Алексеј Попирин за пласман во осминафиналето на Вимблдон, триумф со кој Србинот си обезбеди втора недела на престижниот грен слем турнир.

Србинот не играше добро на почетокот и го загуби првиот сет со 6:4, но во продолжение го пронајде вистинскиот ритам, па дури имаше време да се занимава и со фудбалски теми.

Поради мечот на Англија против Швајцарија, добар дел од публиката на Вимблдон беше поврзана со мобилните телефони, а тоа направи Ноле од прва рака да дознае дека „Гордиот Албион“ победил на пенали.

Неочекуваниот аплауз значеше дека Англија го доби пенал рулетот, но ситуацијата стана уште поинтересна бидејќи Ноле изреагира како голем шмекер.

Србинот тргна да „изведува пенал“ на Централниот терен, а во шоуто се вклучи и Попирин кој имитираше како брани пенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни