Ѓоковиќ доживеа неочекуван напад во Синсинати (Видео)

nole

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ полека ја враќа старата форма, а рано утрово ја совлада и првата пречка на Мастерсот во Синсинати откако со 2:0 го совлада Џонсон.

Сепак, и покрај тоа што и двајцата тенисери понудија интересна партија, она што ќе остане запаметено од овој натпревар е неочекуваниот „напад“ врз Ѓоковиќ во вториот сет.

Имено, еден штурец беше на половината на Џонсон, но овој го избрка со својот рекет, а инсектот слета директно на ногата на Ѓоковиќ.

Снимката од овој момент веднаш го обиколи светот, а малиот инсект кој неповикан се најде на овој натпревар предизвика големи симпатии кај публиката.

Facebook Коментари