Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ донесе конечна одлука за настапот на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, денеска официјално соопшти дека ќе биде дел од тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен, а претходно ќе настапува и на Мастерсот Синсинати.

Српскиот тенисер долго размислуваше на оваа тема, а иако во меѓувреме настапот го откажаа тенисери како Рафаел Надал, Станислас Вавринка и Ник Кирјос, тој реши да патува во САД.

– Ова не беше лесна одлука со оглед на сите препреки и околности, но возбуден сум што повторно ќе можам да настапам. Се гледаме наскоро во Њујорк, – стои во дел од пораката на Ѓоковиќ.

Ју-Ес Опен ќе биде прв грен-слем по паузата поради коронавирусот, а пред него исто така во Њујорк ќе се игра и Мастерсот Синсинати, чија локација годинава е променета поради здравствената ситуација.

Грен-слем турнирот во Њујорк започнува на 31. август, а токму Ѓоковиќ ќе биде и прв фаворит за негово освојување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни