Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ доби жесток отпор од Зверев, но ќе игра финале на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ мораше да игра пет сета во полуфиналето со Александер Зверев, но на крајот успеа да го победи германскиот ривал за финале на Ју-Ес Опен.

Светскиот рекет број еден уште еднаш го загуби првиот сет (4:6), во продолжение направи пресврт и поведе со 2:1, но Зверев избори решавачки сет откако го доби четвртиот повторно со 6:4.

Ѓоковиќ издоминира во петтиот сет обезбедувајќи два брејка уште во почетните гејмови за 4:0, па рутински стави печат на победата со 6:2 во овој решавачки дел од дуелот.

Во неделното финале, Ѓоковиќ ќе ја брка рекордната 21. грен-слем титула, но исто така може да стане првиот тенисер по Род Лејвер во 1969 година кој ги освоил четирите грен-слем турнири во една календарска година.

Противник на српскиот тенисер во финалето на Ју-Ес Опен ќе му биде Русинот Данил Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни