Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ доби урнебесен подарок на пресот по тешката битка со Фокина: Вие сте цареви…. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ се намачи против Давидович Фокина, но ги преброде сите кризни моменти и одново покажа неверојатна физичка и психолошка сила за пласман во осминафиналето на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер повторно имаше бесни изливи и не ги криеше емоциите кога не му одеше добро на теренот, слично како што беше и со Мартон Фучович во претходната рунда.

Во битката со Унгарецот, Ѓоковиќ имаше сериозни забелешки до својот тим од кој се жалеше дека не му обезбедил банани, урми и вода, а тоа ги натера српските новинари во Париз да му приредат извонредно изненадување на Ноле.

Пред самиот старт на прес-конференцијата, Новак доби мал пакет како подарок за рефреширање, односно му беа подарени банани, урми, вода, како и беџ со „Ајронмен“.

– Навистина сте цареви, многу ви благодарам, – со насмевка на лицето порача Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни