Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/BNPPARIBASOPEN

Новак Ѓоковиќ доби тешка ждрепка за Мастерсот во Индијан Велс кој го заврши уште во втората рунда, но ништо полесна задача нема да има Србинот ниту на Флорида.

Денеска се одржа извлекувањето по повод најновото издание на Мастерсот во Мајами, а Ѓоковиќ како шесткратен шампион на овој турнир го дозна својот пат во обидот да стигне до седма титула.

Ѓоковиќ нема да има лесна задача и на патот до финалето го чекаат неколку носители, иако на хартија ќе биде голем фаворит во првите две рунди.

Ноле во втората рунда ќе игра против Меџедовиќ или Хиџиката, во третата најверојатно против Микелсен, додека во осминафиналето проектирани ривали му се Оже Алијасим и Музети.

Од фаворитите, во четвртфиналето Новак треба да вкрсти со Данил Медведев или Стефанос Циципас, додека на неговиот дел од ждребот е и Карлос Алкарас со кој вкрстува во полуфиналето.

Како потенцијални ривали во финалето се најголемите фаворити од другата страна на ждребот, односно Зверев или Фриц, но и Дрејпер кој славеше на Индијан Велс.

Карлос Алкарас свој старт ќе има против Гофан или Вукиќ, во третата рунда вкрстува со Накашима или Карбалјес Баена, а вистински тест треба да има во осминафиналето, во кое би го чекале Димитров или Хачанов. Во проекцијата, четвртфинални ривали му се Руд, Пол, Серундуло или Табило, додека во полуфиналето Ѓоковиќ, Медведев или Циципас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни