Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ доби полесен пат, Надал со потешки противници на Аустралијан Опен

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ ќе биде прв фаворит на Аустралијан Опен, а во прилог на неговата улога оди и ждребот направен утринава во Мелбурн.

Српскиот тенисер доби многу полесна задача во однос на Рафаел Надал, па во својот дел на ждребот ќе има далеку поприфатливи ривали во споредба со тие на шпанскиот тенисер.

Ѓоковиќ ќе го стартува турнирот со дуел против Карбалјес Баена, а на патот кон финалето може да има противници како Рубљов, Кирјос, Зверев или вториот носител Руд.

Од друга страна, Надал започнува против Британецот Дрејпер и во својот дел од ждребот го има и Данил Медведев, додека во проектираното полуфинале според изгледот на ждрепката може да се сретне со Стефанос Циципас.

Само еден од ова трио фаворити може да обезбеди финале против најдобриот од делот на ждребот на Ѓоковиќ.

Грен-слем турнирот ќе се игра меѓу 16 и 29 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни