АТП
Ѓоковиќ доби пеколен пат до финалето на Аустралијан Опен (Фото)
Новак Ѓоковиќ влезе големи амбиции во новата 2025-та година и главна цел ќе му биде да ја освои 25-та грен слем титула во кариерата, односно 11-та на Аустралијан Опен.
Тенискиот грен слем во Австралија традиционално е омилен за српскиот тенисер, кој рано утрово дозна дека оваа година ќе има пеколен пат до финалето.
Како светски рекет број седум, проекцијата до финалето е далеку потешка од деновите кога беше најдобар во светот, па така Ѓоковиќ на патот до трофејот ќе мора да ги мине Алкарас, Зверев и Синер, а во неговиот дел од ждребот е и „џелатот“ од Бризбејн од минатата недела, Рајли Опелка.
Ноле во првото и второто коло не би требало да има проблеми против Басавареди и Котов, додека веќе во третото може да има шанса за реванш против разиграниот Опелка. Осминафиналето му носи можни дуели со Лехечка и Димитров, додека со Карлос Алкарас вкрстува во проектираното четвртфинале.
Ако го мине Шпанецот, Ѓоковиќ ќе има уште две големи и тешки препреки до 11-та титула, а тоа би требало да бидат Саша Зверев во полуфиналето, односно светскиот рекет број еден, Синер, во финалето.
За разлика од Ноле, Алкарас во првото коло ќе игра против Шевченко, потоа најверојатно следи Нишиока, додека во третото коло врзува со Томпсон или Милер.
Во осминафиналето би бил голем фаворит против Корда или Дрејпер, пред да дојде на ред проектираното четвртфинале со Ѓоковиќ кое сите го посакуваат. Од тој момент, патот до финалето за Карлитос е ист како оној на Ноле, па во полуфиналето и финалето потенцијални ривали му се Зверев и Синер.
Светскиот рекет број еден доби убедливо најповолен ждреб, бидејќи во првата рунда го има Николас Јари, во второто Даниел, а во третото Коболи или Ечевери. Руне или Хуркач му се најтешките ривали кои треба да ги има во осминафиналето, додека во четвртфиналето вкрстува со Де Минор, Циципас, Хачанов или Серундоло. Фриц, Медведев, Рубљов и Музети се главни фаворити за негов ривал во полуфиналето, додека во финалето проектирани му се Ѓоковиќ, Алкарас и Зверев.
Novak Djokovic’s draw for Australian Open 2025:
Round 1:🇺🇸Basavareddy
Round 2: 🇷🇺Kotov
Round 3:🇺🇸Opelka/🇨🇿Machac
Round 4:🇧🇬Dimitrov/🇨🇿Lehecka
Quarterfinal: 🇪🇸 Alcaraz
Semifinal: 🇩🇪Zverev/🇳🇴Ruud
Final: 🇮🇹Sinner/🇷🇺Medvedev/🇩🇰Rune pic.twitter.com/RL5zjjaYWP— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 9, 2025
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан