Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ доби добар тест од Томпсон, но оствари специјален јубилеј со новата победа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит за освојување на рекордна осма титула на Вимблдон, а неговиот пат кон израмнување на учинокот на Рожер Федерер продолжува по новата победа на централниот терен.

Српскиот тенисер доби добар тест од специјалистот за тревна подлога, Џордан Томпсон, кој на крајот од мечот нема за што да жали бидејќи остави навистина добар впечаток.

Австралиецот потсети на некои времиња од пред две децении и доста често форсираше сервис-волеј игра, а со тоа во многу наврати го стави Ноле во незавидна ситуација и го приморуваше да биде посебно внимателен на ритерн.

Ѓоковиќ најлесната задача ја имаше во првиот сет кој му припадна со 6:3, додека во останатите два се играше максимално израмнето и Ноле го доби она што го посакуваше, односно повеќе минато време на теренот против одличен ривал, како и запишување на јубилејна 350-та победа на грен слем турнирите.

Кога беше најпотребно, Новак беше за нијанса подобар, па така го доби тајбрејкот во вториот сет со 7:4, додека во третиот сет направи брејк во 12-от гејм и славеше со 7:5 за затворање на мечот.

Новак на овој начин според планот се пласираше во третата рунда, каде за противник ќе има еден од Ечевери и Вавринка. Србинот со денешниот триумф стигна до 30-та последователна победа на Вимблдон, а на централниот терен не знае за пораз точно 41 меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни