Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ му препушти само еден гем на Јоаник Ксилас и беше максимално мотивиран на „Дејвис Куп“ пресметката во Белград, а по остварениот триумф во два сета, тенискиот рекордер говорел и за своите планови во иднина.

Многумина сметаат дека Ноле веќе нема за што да се бори во тенисот и го посочуваат тоа како јасен недостиг на мотивација, но Србинот вели дека и натаму има две работи кои го тераат да се буди секој ден со помисла да излезе на тенискиот терен.

Во доцната фаза од кариерата и откако освои се што можеше да се освои во тенисот, Ѓоковиќ вели дека име две работи кои го тераат се уште да игра на највисоко ниво, а тоа е играњето и претставувањето на Србија, како и грен слем турнирите.

– Отсега натаму, во тенисот ме интересираат само две работи. Веќе не бркам пласман на АТП листата, ниту пак учесто на завршниот Мастерс турнир. Тоа повеќе не ми е цел и морам да бидам искрен. Ако се прашувам јас, кариерата на другите турнири ми е завршена. Дали ќе играм и каде ќе игра не можам да знам.

– Имам само два приоритети. Тоа се играњето за репрезентацијата и грен слем турнирите, се останато е помалку важно. Сега ми е потребен еден добар физички, емотивен и ментален одмор, а потоа ќе одлучам што, како, кога и уште колку…., – изјавил Новак.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни