Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ доживеа рана елиминација на Ју-Ес Опен и премногу рано ги заврши настапите во Њујорк, но овој неуспех во ниту еден случај не можеше да се окарактеризира како големо разочарување, особено не после тоа што го оствари неколку недели претходно.

Србинот го освои олимпиското злато во Париз и ги комплетираше сите најважни одличја во тенисот, по што самиот нагласи дека победата над Карлос Алкарас на „Филип Шатрие“ била најголем успех во неговата кариера.

Ноле го мисли тоа и еден месец по големите возбудувања во француската престолнина, а во новиот разговор за „РТС“ наброја неколку причини за таквиот став.

Ѓоковиќ го става златниот медал пред сите останати 24 грен слем титули кои ги освои во кариерата, сето тоа како резултат на се она шро го прогонуваше изминативе месеци, но и години.

– Постојат повеќе причини за тој мој став. Прво и основно бидејќи ја претставував Србија, потоа поради тоа што Олимписките игри се најважен спортски настан и се одржуваат еднаш во четири години. Исто така, мојата олимписка кариера беше турбулентна. На првите игри во Пекинг освоив бронза, имав голема шанса за финале, но загубив од Надал. Потоа губев во полуфиналињата и тоа беа најтешки порази во мојата кариера.

– Една од причините е и фактот што бев повреден неполни два месеци пред олимписките игри, како и тоа што во финалето победив ривал од кога загубив во финалето на Вимблдон. Токму поради тоа паднав на земја по победата, имаше преголема мотивација, најголемите емоции ги доживеав на денот кога го победив Алкарас. Кога паднав на колена, благодарен бев за се што освоив во кариерата, но олимпиското злато се издвојува од се друго, тоа е број еден, – изјави Ноле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни