Поврзете се со нас

Англија

Ѓоковиќ брзо одговори на хит изјавата на Халанд (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ привлекува внимание во јавноста и во ситуација кога е на одмор со своето семејство, а причина за тоа се вестита кои кружат во јавноста, како и последната порака која ја доби од Ерлинг Халанд.

Норвешката фудбалска суперѕвезда го избра Ноле како идеален пример за врвен спортист и го посочи како свој миленик, па со зборовите кои ги употреби во интервјуто привлече одговор и од најдбриот светски тенисер.

Србинот се огласи на социјалните мрежи со кратка порака и му возврати на напаѓачот на Манчестер Сити, кој во интервјуто посебно го потенцираше менталниот склоп на Ноле.

– Ти благодарам, брате, – гласи пораката која ја испрати Новак на социјалните мрежи, а која е резултат на изјавата која претходно ја даде Норвежанецот.

–  Го сакам Ѓоковиќ, мислам дека е навистина добар. Тој остана свој и она што го постигна е неверојатно. Дојде од никаде, од својата мала земја. Го бирам него, – порача Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни