Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ брзо го реши германскиот предизвикувач и се пласираше во осминафиналето на олимпискиот турнир

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ имаше германски предизвикувач во второто коло на Олимписките игри, но светскиот рекет број еден ја мина и втората пречка без преголемо мачење и со мали проблеми само во првиот сет.

Јан Ленард Штруф истакна дека верува во победа на најдобриот светски тенисер пред мечот кој се одигра ова утро во Токио, но откако не ја искористи својата шанса во првиот сет, во продолжение немаше што да бара против расположениот Србин.

Германецот не ја искористи својата брејк шанса во воведот од мечот, па во ситуација кога двајцата тенисери ги држеа цврсто своите сервис гејмови, Новак направи разлика во 10-от гејм.

Ѓоковиќ не му препушти ниту еден поен на Штруф за водство од 1:0 во последниот гејм од првиот сет (6:4), а потоа отвори со брејк на стартот на вториот сет и ја презема контролата на мечот.

На крајот, со уверливи 6:4 и 6:3 се пласираше во осминафиналето на олимпискиот турнир, рунда во која ќе се сретне со Давидович Фокина од Шпанија.

Зверев со совет до Штруф пред средбата со Ѓоковиќ: Во тој термин може да победи и вонземјани

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни