Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Болеста е зад мене, не можев да имам подобра увертира за Ролан Гарос

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го темпираше ритамот на најдобар можен начин, па сега на Френч Опен ќе отпатува во најдобра можна форма и со освоен трофеј, кој е прв за него во оваа необична сезона.

Ноле до пред извесно време добиваше забрани за настап на турнирите поради вакциналниот статус, но откако следеше стабилизација со Ковид пандемијата, врза неколку турнири во низа и денеска триумфираше во големото финале во Италија.

Ѓоковиќ стигна до својата шеста титула на Мастерсот во Рим и во финалето го надигра Циципас со 6:0 и 7:6, па сега има највисоки амбиции за Ролан Гарос кој стартува на 22-ри мај.

– Земајќи во предвид како играм последните неколку седмици, сигурно сум еден од фаворитите на Френч Опен. Не размислувам многу за шансите на другите, секогаш мислам на себе. Одам во Париз со највисоки амбиции, поготово по изданието во Рим. Мислам дека имам шанси, да го видиме ждребот, тоа ќе го одреди мојот пат. Мислам дека можам да стигнам далеку, – изјави Ѓоковиќ, кој вели дека болеста на која се жалеше по поразот во Белград е зад него.

– Физички сум многу подобро од почетокот на турнирот во Мадрид. Многу работев на кондиција од Белград до Мадрид, но имав последици од болеста. Не бев кондициски паднат, имав последици од болеста, но сега се чувствувам совршено. Не можев да замислам подобра увертира за Ролан Гарос, тука се беше како што треба, – изјави Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни