Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ без проблеми против најголемото изненадување на Австралија Опен, деветто финале за Србинот

Објавено

на

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ стигна до своето деветто финале на Австралија Опен откако со чисти 3:0 по сетови (6:4, 6:3, 6:2) славеше против Аслан Карацев од Русија.

За Карацев ова беше историски успех затоа што преку квалификациите успеа да ситгне до едно полуфинале на голем турнир, со што влезе и во историјата со ваков дострел.

Ѓоковиќ пак видно расположен по победата ја повика публиката со овации да го испрати младиот Русин за кого ова беше најдобриот натпревар во кариерата.

– Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа на овој натпревар, а на Аслан треба сите да му честитаме, да ги подигнеме рацете и да му аплаудираме. Ова никогаш во историјата на тенисот не се случило, некој од целосен анонимус да дојде до тука и да одигра толку добар турнир, -пораа Ѓоковиќ, а публиката го награди младиот тенисер со громогласен аплауз.

Ѓоковиќ во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Медведев и Циципас. На прашањето кој противник го сака во финалето, српскиот тенисер истакна дека не му е важно кој ќе му биде противник, посочувајќи дека ќе ужива во второто полуфинале.

Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен ќе го брка својот 18 Грен слем трофеј во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни