Ѓоковиќ без проблем се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај

nole-sangaj

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај откако во два сета (6:4, 6:0) го совлада Марко Чекинато.

Со оваа победа Ѓоковиќ се реваншираше на Италијанецот кој го елиминираше на Ролан Гарос оваа сезона.

Србинот во полуфиналето ќе се сретне со тенисерот од Јужна Африка Кевин Андерсон кој со 2:0 го совлада Гркот, Циципас.

Пласман во четвртфиналето во Шангај обезбедија и Кајл Едмунд и Александер Зверев кои беа поуспешни од Џери односно Минаур.

Facebook Коментари