Ѓоковиќ без грешка до осминафиналето во Шангај (Видео)

nole

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ своите добри партии од Токио ги продолжи и на Мастерсот во Шангај каде денеска забележа чиста победа над Денис Шаповалов од Канада.

Ноле минатиот турнир го освои без ниту еден изгубен сет, а таа низа ја продолжи во битката со Денис кој во двата сета доби по три гејмови за конечни 6-3 и 6-3 по нешто повеќе од еден час игра. Ова за Новак беше трета победа против младиот Шаповалов, а воедно и одличен тест пред следниот предизвик, осминафиналето против американскиот „бомбардер“ Џон Иснер.

Facebook Коментари