Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Бев најдобар кога беше најважно, горд сум на себе

Објавено

на

blank

Новак Ѓоковиќ славеше над Диего Шварцман со 2-0 во сетови и го освои АТП Мастерсот во Рим.

Ова за Ѓоковиќ беше петто славје на турнирот во „вечниот град“ или севкупно 36. Мастерс пехар во кариерата со што изби сам на вечната листа пред Рафаел Надал.

-Прекрасна недела, многу предизвикувачка. Мислам дека не играв најдобар тенис во текот на неделата, но бев најдобар кога беше најважено, вчера и денеска. Тоа е она што ме прави особено среќен и на што сум горд. Успеав да ја најдам петтата брзина кога беше најважна. Сега се вртам кон Париз. Не можев да замислам подобар турнир, одлична титула, задоволен сум, -истакна Ѓоковиќ кој не заборави да го спомене и Шварцман кој во изминативе денови одигра неколку тешки мечеви.

-Ова беше прво Мастерс финале на Диего, тој играше добро. Денес беа тешки услови, особено на почетокот, беше лизгаво, врнеше дожд, врева, малку ветровито … Ни требаше малку време да се навикнеме. Шварцман имаше големи победи против Надал и Шаповалов, му честитам и му посакувам се најдобро во продолжението на сезоната, -изјави најдобриот тенисер на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни