АТП
Ѓоковиќ: Алкараз има уште многу да весла…..

Новак Ѓоковиќ мина речиси четири часа на теренот против Карен Хачанов, но откако одигра два доста скромни сета, во продолжение го надигра ривалот и го покажа своето вистинско лице.
Во својата анализа за победата од 3:1, Новак нагласи дека одиграл два натпревари во еден меч поради различното ниво кое го прикажа, па и самиот е свесен дека ќе мора да биде многу подобар во полуфиналето.
Таму ќе игра против суперталентираниот тенисер Карлос Алкараз, кој како светски рекет број еден ќе влезе во битката со 22-кратниот грен слем шампион.
– Алкараз е број еден во светот, игра врвен тенис и се однесува многу зрело на теренот. Секогаш е позитивен и се бодри сам себе. За мене, Алкараз е прв фаворит на турнирот, тоа го кажав уште пред да дојдеме тука. Не знам колку ќе може да ми помогне искуството, но ќе бидам подготвен и за најдолг меч на турнирот, – изјави Новак, кој беше запрашан дали дуелот со Алкараз може да го спореди со пресметките кои ги имаше со Надал или Федерер.
– Алкараз е играч кој привлекува се повеќе внимание, но не може да го споредиме со Надал или Федерер. Мора уште многу да весла за да дојде до таа тениска височина, но мора да се каже дека е на вистинскиот пат, – изјави Србинот.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)