Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Алкарас мој најголем ривал? Се додека игра…(ВИДЕО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ беше дел од тенискиот спектал „Лејвер Купот“ во Лондон, настан на кој официјално кариерата ја заврши легендарниот Рожер Федерер.

Многу емоции донесе „последниот танц“ на маестрото од Базел, па дефинитивно ќе биде потребно некое време за да се ова помине, ама повеќе од јасно е дека истото уште долго ќе се памети.

-Мислам дека беа емотивни неколку дена поради збогувањето на Рожер и ја почувствувавме големата енергија на неговото збогување. Тој е еден од основачите на Лејвер купот, па мислам дека тоа беше одличен начин да се збогуваме со тенисот. Ова е уникатен натпреварување, се забавуваме заедно. Многу сум среќен што бев дел од Тимот Европа. За жал загубивме, но мислам дека ова беше фантастична недела која долго ќе ја паметам, -рече Новак Ѓоковиќ кој доби интересно прашање за тоа кој сега е негов најголем ривал со тоа што новинарот му го посочи Карлос Алкарас.

-Па… Надал се уште е тука, нели?! Очигледно, тука е Рафа. Се додека игра тој е мојот најголем ривал“, изјави збунетиот Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни