Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ, Алкарас и Надал се јавија со реакции по фантастичниот пресврт на Синер, Рафа беше најоригинален (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер режираше фантастичен пресврт во големото финале на Аустралијан Опен и првпат во кариерата подигна една грен слем титула, до која дојде откако имаше незаборавно патување во Мелбурн од првото коло до завршниот меч.

Синер загуби вкупно три сета на овој турнир кој го заврши како грен слем шампион, од кои два беа во големото финале кое го почна доста стегнато и некарактеристично за себе.

Нервозата си го направи своето и Синер мораше да прави пресврт за да стигне до најголем успех во кариерата, но 22-годишниот Италијанец покажа карактер и со победата од 3:2 привлече симпатии и кај своите колеги.

Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкарас и Рафаел Надал беа елитните тенисери кои меѓу првите му честитаа на Синер за освоената титула на „Род Лејвер“, со тоа што Рафа беше најоригинален бидејќи му се обрати на италијански јазик.

– Браво Јаник! Честитки до тебе, до твоето семејство и твојот тим, – порача Ѓоковиќ, кој во објавите на Инстаграм не го заборави и својот пријател Медведев, на кого му честиташе за патот до големото финале.

– Многу сум среќен за тебе Јаник! Го заслужи овој трофеј повеќе од било кој друг. Уживај во моментот пријателе, – порача Алкарас кој има изградено извонреден однос со Италијанецот и покрај ривалството.

– Голем Јан, навистина многу добро. Извонреден турнир, прв грен слем во твојата кариера!!! Топли поздрави до тебе, до твојот тим, до твоето семејство и до цела Италија која денеска се радува со тебе, – порача Надал на италијански.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни