Ѓер прави тим од кој ќе боли глава (Видео)

Ger

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една од најдобрите ракометарките оваа сезона, во интервју за француски „Л’Екип“,потврди дека од наредната сезона ќе биде нов голман на Ѓер. Таа стави потпис на едногодишен договор со опција за плус една година.

Во најновото видео во кое Ѓер ги промовира новите ракометарки за сезоната 2018/19 година дефинитивно може да се заклучи дека веќе титулата ќе им биде на дофат во наредната натпреварувачка сезона.

Ѓер како засилување ги потпишаа и Норвежанките Вероника Кристијансен и Кари Братсет на три години.

 

Facebook Коментари