Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ѓер издоминира во финалето во Будимпешта и стигна до шеста титула во ЛШ

Објавено

на

По три сезони во кои доминираше норвешкиот тим Кристијансанд, ракометниот великан Ѓер одново се врати на европскиот трон во женска конкуренција, бидејќи денеска стигна до рекордната шеста титула во најелитното натпревараување.

Унгарскиот тим влезе како голем фаворит во денешното финале и тоа го оправда на дело доста лесно, бидејќи Битигхајм едноставно не можеше да парира и загуби со 30:24 во еден доста едносмерен меч.

Завршната ракометна епизода во Будимпешта беше мотив плус за Ѓер да се врати на највисокото скалило во Европа по пауза од пет години, бидејќи последен пат беше шампион во 2019-та година.

Дале и Грос со по шест гола беа најдобри ракометарки во победничкиот тим, додека на спротивната страна се истакнаа Хвенфелт со пет и Мала со три гола.

Пред големото финале во Будимпешта, имаше борба и за третото место, а истата ја доби Есбјерг кој славеше над Мец со 37:33.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни