Поврзете се со нас

Англија

Ѓекереш за најавите за негов трансфер на „Олд Трафорд“: Сакам да ја…

Објавено

на

foto: x.com/SportingCP

Манчестер Јунајтед му го „украда“ Рубен Аморим на Спортинг или поточно клубот од Лисабон во важен дел од сезоната остана без стратегот кој донесе успеси на клубот во изминативе години.

По комплетирањето на трансферот на Аморим на „Олд Трафорд“ веднаш почнаа да се споменуваат и други имиња кои од португалскиот клуб би можеле да завршат во премиерлигашот, а најмногу се говори за името на Виктор Ѓекереш, напаѓачот кој се растура од голови.

Швеѓанецот игра во неверојатна форма и се чини дека 2025 може да биде година во која може да го направи трансферот на кариерата, ама тоа нема да биде пред летото.

-Тоа не е нешто за што размислувам, ниту нешто за што се грижам. Ова се гласини, ништо конкретно. Секако дека сакам да ја завршам сезоната во Спортинг, уживам таму. Не се чувствувам под стрес поради тоа што ќе направам промена во иднина. Ќе видиме кога ќе дојде време, -истанка Ѓекереш говорејќи за најавите за можен премин во Јунајтед.

-Тој [Аморим] веројатно веќе има напаѓачи таму. Многу е тажно што го напушти [Спортинг], но секако ја разбираме одлуката. Тој ми значеше многу, бидејќи ми даде можност и ми помогна многу да се развивам. Сега со нетрпение очекуваме да работиме со новиот тренер, -додаде голгетерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни