Поврзете се со нас

Англија

„Ѓаволите“ сериозно ќе притиснат за ангажман на играч на Атлетико Мадрид како замена за Погба

Објавено

на

Според најавите во медиумите станува се појасно дека Пол Погба нема да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“ и фудбалскиот леб ќе го печали во друг европски клуб.

Во моментов најзагреан за неговите услуги е тимот на ПСЖ кој доколку го ангажира Погба ќе склопи еден тим кој со сигурност ќе ја има главната улога во Лигата на шампионите следната сезона.

Од Манчестер Јунајтед, пак, не оставиле ништо на случајност, па како што пишува „Дејли Мејл“ веќе влегле во интензивна потрага по играч кој ќе го замени Погба.

Прва опција е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез за кој клубот од Англија е подготвен да плати сума од 45 милиони фунти.  Толкава сума би зелеи од евентуалната продажба на Погба кој има уште една година од договорот со „ѓаволите“.

Медиумот пренесува дека освен Погба, од Манчестер Јунајтед би можел да си замине и Немања Матиќ, па ќе се отвори место за нов играч од средниот ред во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни