Поврзете се со нас

Англија

„Ѓаволите“ конечно се согласиле да ја платат сумата, Манчестер Јунајтед деновиве добива супер засилување

Објавено

на

Најугледниот германски медиум „Билд“ пренесува дека од Манчестер Јунајтед конечно се согласиле да ја платат бараната сума од Борусија Дортмунд за да го ангажираат Џејдон Санчо.

„Милионерите“ за крилниот фудбалер бараат сума од 77 милиони фунти, а истата конечно се согласиле да ја платат од таборот на Манчестер Јунајтед од каде претходно нудеа сума од 75 милиони евра.

Освен тоа, Манчестер Јунајтед ќе мора да ги прифати и понудите за бонуси кои ги доставиле од Борусија Дортмунд со цел да го обезбеди потписот на 21 годишниот фудбалер кој игра во одлична форма во Бундеслигата.

Германскиот медиум пишува дека трансферот би можел да биде комплетиран во следните неколку денови со што Манчестер Јунајтед ќе заврши голема работа на месец и половина пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни