Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ѓаџа се враќа во составот на Вардар, Ристовски не е во комбинација за Елверум

Објавено

на

Тимот на Вардар вечерва од 20:45 часот го игра последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, а ривал им е норвешкиот претставник Елверум.

Овој натпревар нема резултатско значање за „црвено-црните“ кои во првата нокаут фаза ќе се сретнат со Веспрем, но сакаат победа со која ќе се заокружива овој дел и ќе се крене самодовербата пред битките кои престојат во продолжението на кампањата.

Вардарци и тренерот Давид Дејвис Камара за средбата во СЦ „Јане Сандански“ ќе можат да сметаат на Анте Гаџа кој се враќа по паузата поради повреда.

Во составот пак го нема ветеранот Борко Ристовски како и Стефан Крстевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни