Англија
Гивен со критики за Сити: Како ги пуштија овие играчи…
Манчестер Сити доживеа уште еден неуспех во Премиер лигата, пораз на „Вила Парк“ во соочувањето со Астон Вила.
Со оглед на формата, резултатите беше повеќе од јасно дека „граѓаните“ ќе имаат навистина тешка задача да остварат победа на овој натпревар и токму тука едноставно да се кренет, меѓутоа тоа центариот на овој дуел не беше оставарливо и домаќините триумфираа со 2-1 со погодоците на Дуран и Роџерс.
Шеј Гивен во улога на стручен аналитичар имаше можност да даде свој коментар и испрати критики на адреса на Сити како клуб притоа посочувајќи четири имиња од кои тие едноставно лесно се откажале, а би можеле да помогнат во актуелнава ситуација.
-Никогаш не сме го виделе ова, една победа во 12 натпревари. Ова е толку страшна серија и многу порази. Не дека имаат многу нерешени средби, имаат толку многу порази во таа серија. Не знам што ќе се случи понатаму. Пеп Гвардиола е под притисок? Дали е тоа лудо прашање? Дали Пеп Гвардиола оди? Не знам, едноставно е толку тешко да се сфати.
-Зборуваме и за возраста на тимот, а Роџерс беше ѕвезда на Вила денеска и тој е поранешен Манчестер Сити. Кол Палмер, екс играч на Манчестер Сити, Џејдон Санчо екс играч на Манчестер Сити, Лијам Делап, екс играч на Манчестер Сити. Ги пуштија сите овие млади играчи да го напуштат клубот и сега Пеп е во проблеми.
-Нозете им ги нема, не можеа физички да и парираат на Вила, не можеа тактички да и парираат. Тие беа милји оддалечени, па што ќе се случи следно? Тоа е прашањето, -истакна Гивен кој инаку е поранешен голман на Сити и Астон Вила.
-
Англија17 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија19 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија10 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација12 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија23 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
АТП11 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…