Поврзете се со нас

Свет

Гисласон направи избор: Вардарецот Дисингер се враќа во репрезентацијата на Германија

Објавено

на

Ракометните селектори полека се подготвуваат за евро-квалификациите кои ќе бидат актуелни на почетокот на месец ноември, па така ова попладне од Германија ни пристигна една позитивна вест за ракометарот кој настапува во европскиот првак.

Германија го освои Европското првенство пред четири години, а сега селекторот Алфред Гисласон одлучи да врати двајца играчи од тој тим во својот ростер, а еден е ракометарот на Вардар.

Покрај капитенот Уве Генсхајмер, селекторот на Германија селектираше уште 20 ракометари, а меѓу нив е и бекот на Вардар, Кристијан Дисингер. Покрај Дисингер, повратник во селекцијата на Германија е и Фин Лемке, па нивните први повици после подолго време денеска се најважна тема во ракометна Германија.

За издвојување е и повикот кој го добива младиот Јури Нор, кој во претстојните квалификациски меча ќе има шанса да дебитира за најсилниот состав.

– Со нетрпение чекам да продолжам со работата со националниот тим. Долго време паузираме и конечно ќе можам да го тренирам националниот тим. Се надевам дека одлично ќе ги искористиме овие заеднички денови, – изјави Гисласон во пресрет на првиот собир кој е закажан за следниот понеделник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни