Македонија
Гино Стрезовски: „Нула странци“ ако му сакаме добро на македонскиот ракомет!
На денешното годишно собрание на РФМ освен точката за избор на претседател и управен одбор, имаше и други дискусии со кои беа адресирани тековни ракометни теми.
Една од оние кои побудија внимание беше и предлогот на Проф. Д-р Гино Стрезовски, кој во својата дискусија побара да нема странски играчи во македонските првенства.
– Ако навистина му сакаме добро на македонскиот ракомет, мораме да забраниме странски играчи. Не може во име на некои настапи во странство каде што едвај се поминува првото коло да дозволиме странските играчи да им ги земаат местата на нашите. Оние кои ќе играат во СЕХА лигата и во Лигата на шампиони нека имаат странски играчи за тие натпревари, но во македонското првенство треба да играат нашите ракометари,- рече Стрезовски.
Во репликите беше укажано дека тоа тешко би функционирало во пракса и дека е потребно соодветно истражување, бидејќи на пример беше алармирано дека во женската лига просечната возраст континуирано опаѓа и тешко може да се најдат сениорки.
– Предлогот е можеби премногу радикален, бидејќи ние како ракометна федерација направивме напори да го намалиме бројот на странските играчи во македонската лига. Ако здружението на тренерите смета дека тој број и натаму треба да опаѓа, нека поднесе официјално таква претставка до УО, и ние ќе ја разгледаме,- реплицираше претседателот Мукаетов.
Во дисисијата иницирана од РК Работнички беше побарано и оваа година да нема испаѓање (повторно да останат 16 екипи и да се игра плеј оф и плеј аут, наместо враќање на претходниот систем со 12 екипи кој беше напуштен поради прекинот на минатогодишното првенство поради пандемијата од Ковид-19), за што исто така имаше клубови кои имаа спротивно мислење.
Во прилог на ова барање Агрон Хајретин од РК Работнички укажа дека слично се постапило и во една од најквалитетните ракометни лиги на светот, онаа во Франција.
– Ние имаме акти и го гарантираме натпреварувањето. Сите предлози кои се надвор од она што е усвоено нека бидат доставени до комесарот за натпреварување, па во консултација со останатите ќе видиме дали има потреба од дополнителна реакција и каква да биде таа, бидејќи мора да се биде свесен дека последиците од пандемијата и здравствената ситуација кај нас и во светот се уште траат и влијаат на нашите планови,- предложи Мукаетов, определувајќи датум 15 март како рок до кој треба да се размислува и разговара за предлозите со комесарот Славе Николов.
Воедно, претседателот Мукаетов рече дека и големите клубови како Вардар и Еурофарм Пелистер треба да размислат околу играњето во македонското првенство, за да не се доведат во ситуација како годинава кога поради планирани, но откажани настапи во СЕХА лигата и во ЛШ, подолго време беа без натпревари.
-
Шпанија23 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Свет10 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија23 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија23 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Англија21 час
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Европски купови11 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Франција24 часа
„Седумката“ на Гризман во француската репрезентација доби нов сопственик
-
Шпанија13 часа
Иниеста ги воодушеви фановите на Барселона со изјавата која ја даде за неосвоената „Златна топка“