Конференциска лига
Гију со хет-трик во „петардата“ на Челси, македонските интернационалци останаа непоразени
Челси продолжува да реди победи во Конференциската лига на УЕФА каде дефинитивно е прв кандидат за титулата и потврда за тоа се шесте триумфи и 100 процентниот учинок во досегашиот тек на ова натпреварување.
Најнова жртва на премиерлигашот беше Шамрок, тим кој до вечерва беше непоразен, но сега на „Стемфорд Бриџ“ прими пет погодоци (5-1). Во центарот на вниманието беше талентираниот шпански напаѓач Марк Гију кој реализираше хет-трик и сега со шест погодоци е водечки стрелец во КЛ.
Виторија Гимареш и Фиорентина ремизираа во дербито играјќи 1-1, домаќините поведоа преку Густаво во првиот дел, израмни Мандрагора во 87 минута.
Сите екипи пак на македонските интернационални останаа непоразени, па така Јагиелонија на Дарко Чурлинов ремизираше со Олимпија Љубљана без голови исто како и Борац Бања Лука на Бобан Николов и Дамјан Шишковски против Омонија.
Астана на Алекса Амановиќ пак одигра 1-1 на гостувањето во Кипар кај Апоел.
-
Англија9 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија16 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија11 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија15 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Репрезентација4 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија14 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)